Одржување И Сервис; Одржување И Чистење - Bosch GBG 6 Professional Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
OBJ_BUCH-1501-004.book Page 126 Tuesday, September 30, 2014 11:17 AM
126 | Македонски
Промена на брусните тркала
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
Променете ги брусните тркала, веднаш штом покажуваат
само уште 10 mm остаток од материјалот.
– Олабавете ги 3 завртки на покривката 1 и извадете ја
покривката 1. Држете го цврсто брусното тркало со
заштитни ракавици и одвртете ги навртките за
затегнување 2 од оската на брусилката 5.
Напомена: Оската на брусилката која излегува н алевата
страна на електричниот алат 5 има лев навој.
– Извадете ги приклучната прирабница 3 и брусното
тркало од оската на брусилката 5.
– Монтирањето на новото брусно тркало следува по
обратен редослед. Поставете ја покривката 1 повторно
со цврсто притискање и зацврстете ја со 3 завртки.
Наострете ги употребуваните и оштетените нетркалезни
брусни тркала пред натамошната употреба со брусен
камен (прибор).
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
1 609 92A 0XY | (30.9.14)
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
 Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута при
максимален број на вртежи без оптоварување. Не
користете оштетени, нетркалезни или алати за
брусење што вибрираат. Оштетените алати за
брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
– За ставање во употреба на електричниот апарат,
навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување
8 во позиција „I".
– За да го исклучите електричниот апарат, навалете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 8 во
позиција „0".
Совети при работењето
За обработка на предмети за обработка од цврст метал
употребете брусни тркала од силициум карбид C
(прибор).
Заштитете го брусниот алат од удар, и маснотии.
– Ставете го предметот за брусење на основата на
предметот за обработка 11 и притиснете го лесно кон
брусното тркало. За постигнување на оптимални
брусни резултати, предметот движете го лесно напред
назад. Со тоа брусното тркало ќе биде рамномерно
истрошена.
– Од време на време предметот за обработка оладете го
во вода.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbg 8 professional

Table des Matières