Bosch GSH 27 VC Professional Notice Originale page 91

Brise-béton
Masquer les pouces Voir aussi pour GSH 27 VC Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 13
OBJ_BUCH-1144-007.book Page 91 Tuesday, September 13, 2016 9:28 AM
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за чекани
 Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава
може да влијае на губењето на слухот.
 Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува може да наиде на скриени електрични
кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Bosch Power Tools
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за тешки работи кои
вклучуваат длетување и кршење како и соодветна опрема
за втискување и компресирање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Рачка (изолирана површина на дршката)
3 Заштитен држач
4 Прифат на алатот
5 Вратило на алатот
6 Венец
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Чекан за кршење
Број на дел/артикл
Номинална јачина
Број на удари
Јачина на поединечен удар
согласно
EPTA-Procedure 05/2009
Прифат на алатот
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014
Класа на заштита
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Процесот на вклучување создава краткотрајно паѓање на напонот.
Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на
другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,36 омови
нема пречки.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-6.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 94 dB(A); ниво на звучна јачина
104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-6: Длетување: a
=8,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Македонски | 91
GSH 27 VC
3 611 C0A 0..
W
2000
-1
min
1000
J
62
мм
28
1
"
1
/
8
кг
29,5
/II
(векторски збор на
h
2
2
, K =1,5 m/s
1 609 92A 2BG | (13.9.16)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

061130a000

Table des Matières