Bosch GBH Professional 36 V-LI Plus Notice Originale page 196

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH Professional 36 V-LI Plus:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 23
OBJ_BUCH-283-014.book Page 196 Thursday, August 17, 2017 3:16 PM
196 | Македонски
Монтажа
Полнење на батеријата (види слика A)
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
Батеријата 11 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 18.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 11:
– Притиснете ја батеријата наспроти основата на
електричниот апарат (1.) и истовремено на копчето за
отворање 18 (2.).
– Извлечете ја батеријата од електричниот апарат,
додека не се појави една црвена лента (3.).
– Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 18 и
целосно извадете ја батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 20 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
11. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
– Притиснете го копчето 21, за да се прикаже
наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и
кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди
приказот за наполнетост сам се гаси.
1 609 92A 3XU | (17.8.17)
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 21 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 16.
Свртете ја дополнителната дршка (види слика B)
Дополнителната дршка 16 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
– Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 16
наспроти движењето на стрелките од часовникот и
навалете ја дополнителната дршка 16 во саканата
позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на
дополнителната дршка 16 во правец на стрелките од
часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да
легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика
како и за заштафување/одвртување се користат алати без
SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За
овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење
одн. запчеста глава за дупчење.
Вметнување/вадење на запчестата глава
(GBH 36 VF-LI Plus)
За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна
глава за дупчење, опрема).
Монтирање на запчестата глава за дупчење
(види слика C)
– Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 24 во
запчестата глава за дупчење 23. Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење 23 со сигурносна завртка
22. Внимавајте сигурносната завртка да има лев
навој.
Вметнување на запчестата глава за дупчење
(види слика C)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
Капацитет
≥2/3
≥1/3
<1/3
Резерва
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbh professional 36 vf-li plus

Table des Matières