Bosch AKE 30 Notice Originale page 269

Masquer les pouces Voir aussi pour AKE 30:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 31
Животниот век на ланецот зависи најмногу од предовното
замастување и правилното затегање.
Не затегнувајте го ланецот кога е џежок, зошто кога ќе се
олади ќе биде премногу затегнат на плочата.
– Ставете ја пилата на прикладна површина.
– Одвртете ја навртката број 26 спротивно од стрелките
на часовникот (околу 1 – 2 круг).
– Проверете дали ланецот е исправно поставен во слотот
околу плочата 10 и на дискот 20.
– Вртете го навојот за затегнување на ланецот број 27 со
приложениот алат за прилагодување 18, додека не ја
постигнете соодветната затегнатост.
– Ланецот 9 е правилно затегнат, кога во средината може
околу 5–10 мм да се подигне. Ова се проверува
такашто со една рака се подига ланецот наспроти
тежината на пилата.
– Ако е ланецот 9 премногу затегнат, свртете го клинот за
затегање 27 малку наназад. Проверете ја уште еднаш
затегнатоста на ланецот. Ако е потребно, повторно
затегнете го ланецот како што опишавме погоре.
– Прицврстете ја навртката за прицврстување 26 до крај
со помош на приложениот алат.
Подмачкување на ланецот
(види слики A, B и D)
Напомена: Пилата не се продава полна со соодветно
масло. Многу е важно да турите соодветно масло пред
првата употреба. Употребата на пилата без соодветно
масло или со масло под линијата за минимално ниво ќе
резултира со оштетување на пилата.
Животниот век и ефикасноста на ланецот зависат од
оптималното подмачкување. Затоа, при работа, од кај
отворот за масло 23 ланецот автоматски се подмачкува.
За да го наполните резерварот за масло:
– Ставете ја пилата на соодветна површина со капачето
за масло 4 нагоре.
– Со крпа исчистете го делот околу капачето 4 и одвртете
го капачето.
– Наполнете го резерварот со масло за моторни пили до
линијата за максимално ниво (по можност со
биоразградливо масло).
– Внимавајте во резерварот да не влезе никаква
валканштина. Затворете го капачето и затегнете го 4.
Напомена: Важно: За да се обезбеди проветреност во
резерварот за масло, оставени се мали отвори кај
капачето. За да не Ви истекува маслото, секогаш оставајте
ја пилата со капачето за масло 4 во хоризонтална положба
после употреба.
Напомена: Користете само масло за моторни пили (по
можност биоразградливо), за да спречите оштетување на
пилата. Не употребувајте рециклирано или старо масло.
Тоа ја поништува гаранцијата.
Bosch Power Tools
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 волти исто така може да се користат и на
220 волти.
Вклучување/исклучување
Пилата држете ја како што е опишано во делот «Работа со
моторната пила» .
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 3 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и
држете го притиснат.
Кога машината работи, сигурносното копче (блокадата
при вклучување) може да се пушти.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Напомена: Не запирајте ја пилата со притискање на
предниот штитник за рака 5 (активација на кочницата за
отскокнување).
Кочница за отскокнување (види слика F)
Таа Кочница за отскокнување е заштитен механизам кој
се активира со притискање на предниот штитник за рака 5
при отскокнување. Ланецот веднаш се закочува.
Редовно проверувајте ја исправноста на оваа функција.
Притиснете го предниот штитник за рака 5 нанапред
(положба
) и вклучете ја пилата. Пилата не треба да се
вклучи. Да ја деактивирате кочницата за отскокнување,
пуштете го копчето за вклучување 2 и повлечете го
штитникот 5 повторно наназад (положба
Работа со моторната пила
Пред сечење
Пред да почнете со работа и повремено во тек на
работењето, спроведувајте ги следните проверки:
– Дали е пилата исправна?
– Дали е полн резерварот за масло? Проверувајте го
нивото на масло пред да почнете со работа и
повремено во тек на работењето. Турете масло ако
нивото на маслото го досегне долниот раб на
прозорчето за мерење на нивото на маслото. Еден
реззервар со масло трае околу 15 минути, во зависност
од паузите и интензитетот на сечењето.
– Дали е ланецот правилно затегнат и оштар?
Проверувајте ја затегнатоста на ланецот редовно на
секои 10 минути. На почетокот на употребата, новите
ланци можат значајно да се олабават. Состојбата на
ланецот влијае на ефикасноста при сечењето. Само
оштар ланец штити од преоптоварување.
Македонски | 269
).
F 016 L81 408 | (18.11.15)

Hide quick links:

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières