Milwaukee HEAVY DUTY M18 BLLT Notice Originale page 63

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
на батеријата автоматски ја исклучува машината. За да
продолжите со работа исклучете ја машината и вклучете
ја повторно. Доколку машината не се вклучи повторно,
можно е батериското пакување да е испразнето. Тогаш
тоа ќе мора да биде наполнето во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските
одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат
непречен патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии.
Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица.
Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и
изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки
споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите
во нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
МЕНУВАЊЕ НА КОНЕЦОТ ЗА СЕЧЕЊЕ
Користете само конци за сечење MILWAUKEE (видете во
делот „Технички податоци"). Користете или конец за
сечење долг 6 m и дебел 2,4 mm или конец со должина
7,6 m и дебелина 2 mm. Упатство: Кога се користи на
абразивни или густо обраснати површини, конецот за
сечење се троши побрзо.
За замена на конецот за сечење, видете го делот со
илустрации.
При нормални услови на работа, преостанатиот конец ќе
биде исфрлен од главата за сечење за време на
работата. За да го отстраните остатокот од конецот или
да поставите нов конец за сечење, свртете го тримерот
за трева за 180 °, притиснете ги јазичињата за да го
отклучите и извадете го капакот.
Отстранете го краткиот конец. Потоа, вратете го капакот
на главата за сечење и прицврстете го со јазичињата.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат
комплетно отворени постојано.
Инспекцијата на производот изискува екстремнa
грижливост и стручно знаење. Оваа работа по секоја
цена препуштете му ја на квалификуван сервисер
техничар. Производот, со цел негова инспекција или
поправка, испратете го до овластениот сервисер. За
негово сервисирање користете идентични резервни
делови.
124
МАКЕДОНСКИ
Пред да се изврши сервисирање или чистење на уредот,
потребно е истиот да се исклучи и да се извади
батеријата.
Извршете ги само оние подесувања и поправки што се
опишани тука. За ситр други видови поправки обратете
се до овластен специјализиран дилер.
Како резервен калап со конец користете само најлонски
конец на калап со дијаметар наведен во упатството.
По вметнувањето на новиот конец за сечење, пред да се
стартува производот потребно е да се доведе во
нормалната позиција за работа.
Чистете го производот пред секоја употреба со сува,
мека крпа. Оштетените делови да се поправат или да се
заменат од страна на овластениот сервис.
Проверете на пропишани растојанија, дали сите
навртки, завртки и штрафови се навлечени уредно, со
цел да се овозможи безбедна користење на производот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Секогаш носете заштитна облека и цврсти
чевли.
Држете ги лицата кои што стојат во близина
на едно безбедно растојание од
градинарскиот апарат.
Не го употребувајте кога врне ниту пак
оставајте го во тој случај надвор.
Внимавајте на предмети, кои што може да
бидат оттурнати од уредот. Внимавајте на тоа
да се одржува доволно големо безбедносно
растојание од лицата што стојат во близина.
За овој производ не користете метални
секачи.
Правец на движење
Резервни делови и прибор не влегуваат во
рамките на испораката на производот.
Електричните апарати и батериите што се
полнат не смеат да се фрлат заедно со
домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби
или кај специјализираниот трговски
претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Европска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
125

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

4779 19 01 série

Table des Matières