Bosch GBH 18V-26 Professional Notice Originale page 211

Masquer les pouces Voir aussi pour GBH 18V-26 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 25
Монтажа
Пред било каква интервенција на уредот (на пр.
u
одржување, замена на алат итн.) како и при негов
транспорт и складирање, ставете го прекинувачот
за правец на вртење во средна позиција. При
невнимателно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од
повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно
наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред
првата употреба ставете ја на полнач додека не се
наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот
при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко
празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)". Доколку се
испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со
помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не
се движи веќе.
По автоматското исклучување на електричниот
u
алат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата (14) има два степени на блокирање, што
спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата
(10). Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот
алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
– За да ја извадите батеријата (14) притиснете на
копчињата за отворање (10) и извлечете ја батеријата
од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Bosch Power Tools
Тип на батерија GBA 18V...
LED светилки
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Тип на батерија ProCORE18V...
LED светилки
Трајно светло 5× зелено
Трајно светло 4× зелено
Трајно светло 3× зелено
Трајно светло 2× зелено
Трајно светло 1× зелено
Трепкаво светло 1× зелено
Дополнителна рачка
Користете го Вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (19).
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (19) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (19)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (19) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(19) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без SDS-
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн.
запчеста глава за дупчење.
Вметнување/вадење на запчестата глава
(GBH 18V-26)
Монтирање запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (23) во
запчестата глава за дупчење (22). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (22) со безбедносната
Македонски | 211
Капацитет
60−100 %
30−60 %
5−30 %
0−5 %
Капацитет
80−100 %
60−80 %
40−60 %
20−40 %
5−20 %
0−5 %
1 609 92A 5GC | (14.11.2019)

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Gbh 18v-26 f professionalProfessional gbh 18v-26Professional gbh 18v-26 f

Table des Matières