Milwaukee M18 CLT Notice Originale page 63

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
Држете ја алатката за рачките
предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе
до оштетување на слухот. Носете
заштита за ушите и ограничете го
траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да
предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила,
долги пантолони, ракавици и
цврсти чевли.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Производот е наменет само за употреба
на отворено и од стана на лице во
стоечка положба.
Производот е наменет за косење трева,
троскот и слична вегетација на ниво на
тлото.
При косењето држете го алатот по
можност паралелно со површината на
почвата.
Немојте да го употребувате производот
за поткастрување и косење на жива
ограда, грмушки или остраната
вегетација, кај кои рамнината на сечење
не е паралелна со тлото.
Не го користете овој производ на било кој
друг начин освен пропишаниот за
нормална употреба.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Во своја сопствена одговорност изјавуваме дека под "Технички
податоци" опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи
од регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/30/EU, 2006/42/EC, 2000/14/
EC, 2005/88/EC и следните хармонизирачки нормативни документи:
EN 60335-1:2012+A11:2014
EN 50636-2-91:2014
EN 62233:2008
EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012
Измерено ниво на јачина на звук: 94,4 dB(A)
Гарантирано ниво на јачина на звук: 96 dB(A)
Процедурата за оценување на сообразноста согласно 2000/14/ЕЗ ќе ја
најдете во прилог VI.
DEKRA Certifi cation B.V.
124
МАКЕДОНСКИ
Meander 1051 / P.O. Box 5185
6825 MJ ARNHEM / 6802 ED ARNHEM
Country : Netherlands
Notifi ed Body number : 0344
Winnenden, 2016-09-21
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
71364 Winnenden
Germany
БАТЕРИИ
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Комплетот батерија е опремен со заштита од преоптеретување што ја
заштитува батеријата од преоптоварување и обезбедува долг работен
век.
При екстремно интензивна употреба сијаличката за работа трепка за
да прикаже преоптоварување. Ако оптоварувањето не биде намалено,
машината автоматски се исклучува. За да продолжите со работа со
машината, истата исклучете ја и повторно вклучете ја. Доколку
машината не се придвижи повторно, можно е комплетот батерија да е
испразнет, при што мора да биде наполнет во апаратот за полнење.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Инспекцијата на производот изискува екстремнa грижливост и стручно
знаење. Оваа работа по секоја цена препуштете му ја на
квалификуван сервисер техничар. Производот, со цел негова
инспекција или поправка, испратете го до овластениот сервисер. За
негово сервисирање користете идентични резервни делови.
Пред да се изврши сервисирање или чистење на уредот, потребно е
истиот да се исклучи и да се извади батеријата.
Извршете ги само оние подесувања и поправки што се опишани тука.
За ситр други видови поправки обратете се до овластен
специјализиран дилер.
Како резервен калап со конец користете само најлонски конец на
калап со дијаметар наведен во упатството.
По вметнувањето на новиот конец за сечење, пред да се стартува
производот потребно е да се доведе во нормалната позиција за
работа.
Чистете го производот пред секоја употреба со сува, мека крпа.
Оштетените делови да се поправат или да се заменат од страна на
овластениот сервис.
Проверете на пропишани растојанија, дали сите навртки, завртки и
штрафови се навлечени уредно, со цел да се овозможи безбедна
користење на производот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве
молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Извадете го батерискиот склоп пред
отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Носете ракавици!
Носте штитник за уши.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
Секогаш носете заштитна облека и цврсти
чевли.
Држете ги лицата кои што стојат во близина на
едно безбедно растојание од градинарскиот
апарат.
Не го употребувајте кога врне ниту пак оставајте
го во тој случај надвор.
Внимавајте на предмети, кои што може да бидат
оттурнати од уредот. Внимавајте на тоа да се
одржува доволно големо безбедносно
растојание од лицата што стојат во близина.
За овој производ не користете метални секачи.
Резервни делови и прибор не влегуваат во
рамките на испораката на производот.
Гарантираното ниво на звучна моќност на
плочката за идентификација изнесува 96 dB.
Електричните апарати не смеат да се фрлат
заедно со домашниот отпад.
Електричните и електронсите апарати треба да
се собираат одделно и да се однесат во
соодветниот погон заради нивно фрлање во
склад со начелата за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник,
каде има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
СЕ-знак
Национален конформитетски знак за Украина
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
125

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

M18 forh-lta

Table des Matières