Télécharger Imprimer la page

Milwaukee HEAVY DUTY 2267-40 Notice Originale page 43

Publicité

безбедност. Горе наведените
лица треба да се набљудуваат
при употреба на апаратот. На
апаратот не му е место крај
деца. Затоа при негова
неупотреба апаратот треба да се
чува безбедно и вон дофат на
деца.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар,
од наранувања или од оштетување на производот,
коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во
течност алатката, заменливата батерија или полначот и
пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат
течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Ласерскиот термометар служи за мерење на
температурата без допир.
Не го користете овој производ на било кој друг начин
освен пропишаниот за нормална употреба.
ДИСПЛЕЈ
Приказ на статусот на батеријата
Приказ Држење
Кочницата на активаторот е вклучена
Приказ на алармот
Приказ во °C или °F
Примарно мерење
Секундарно мерење
Приказот на режимот на работа
Копче ALARM
Копче SET
Копче MODE
ПРИКАЗ ВО СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ ИЛИ
ФАРЕНХАЈТОВИ
За да ја изберете посакуваната температурна скала,
притиснете го активаторот и притиснете го копчето SET
трипати. Изберете помеѓу °C и °F со копчињата над
стрелките. Почекајте 5 секунди, за да се зачуваат
поставките и потоа излезете од менито.
БЛОКИРАЊЕ НА ЛАСЕРОТ
За да за да го вклучите или исклучите ласерот,
притиснете го активаторот и притиснете го копчето SET
четирипати. Изберете помеѓу ВКЛ и ИСК со копчињата
над стрелките. Почекајте 5 секунди, за да се зачуваат
поставките и потоа излезете од менито.
84
МАКЕДОНСКИ
РАБОТА СО УРЕДОТ
ИЦ-мерење на температура
на предмет
1. Држете го активаторот
притиснат најмалку 2
секунди, за да ја измерите
површинската температура
на предметот. Ласерска
точка ја прикажува средната
точка на кружното поле за
мерење.
СОВЕТ: Предметот треба да
е поголем од точката на
мерење, затоа што
мерењето може да биде
погрешно. Видете ја точката
„Растојание до точката за
мерење" за поточни
информации околу
големината на предметот.
2. Ако продолжите да го
држите притиснат
активаторот, се појавува
симболот
и се
прикажуваат површинската
температура (примарно
мерење) и максималната
температура (секундарно
мерење).
3. Пуштете го активаторот.
До исклучување на екранот,
по околу 7 секунди се
прикажува HOLD.
НАПОМЕНА: Големите температурни промени (> 12 °C)
може да се одразат на мерниот резултат. Затоа треба да
се осигурате дека уредот по неговото вклучување, а
пред неговата употреба постигнал стабилна погонска
температура. (Зависно од условите на околината тоа
може да трае од 5 до 30 минути).
Аларм за температура
Притиснете го копчето
ALARM, за да ја активирате
функцијата за аларм. Се
прикажува симболот ѕвонче.
Кога температура е надвор
од претходно поставениот
опсег, приказот за
температура започнува да
трепка.
Поставување на опсегот на алармот
от
За да го поставите опсегот
на алармот, притиснете ги
активаторот и копчето SET.
Повторете го процесот, за да
изберете помеѓу HI и LO.
Притиснете ги копчињата
над стрелките, за да ја
поставите посакуваната
температура. Почекајте 5
секунди, за да се зачуваат
поставките и потоа излезете
од менито.
Батериите се слаби
Заменете ги батериите, ако
се појави симболот за слаба
батерија.
ПРИКАЗОТ НА РЕЖИМОТ НА РАБОТА
ја прикажува највисоката температура, којашто
MAX
се измерува при континуирано мерење.
ја прикажува најниската температура, којашто
MIN
се измерува при континуирано мерење.
Ја прикажува просечната температура од
AVG
последните 20 мерења во рамките на
континуирано мерење.
Ја прикажува разликата помеѓу вредностите
DIF
MAX и MIN при континуирано мерење.
ОДРЖУВАЊЕ
Исчистите ги стакленцата на ласерот со мека и влажна
крпа. Отстранете ја батеријата пред чистење.
Предупредување!
Заради избегнување штети по лица, апаратот никогаш
да не се потопува во течност односно да се избегнува
влегување течност во апаратот
Постојано отстранувајте прашина и нечистотија од
апаратот. Одржувајте ја рачката чиста, сува и без масти
или масло. Средства за чистење и разредување се
штетни по пластиките и други изолирачки делови, затоа
чистете само со нежен сапун и влажна крпа. Никогаш не
употребувајте запаливи средства за разредување во
близина на апаратот.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани
треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги
сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја
листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
ОПАСНОСТ!
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Не гледајте во ласерскиот зрак.
Овој производ одговара на класата на ласер 2
согласно IEC60825-1.
LASER
2
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема
како несортиран комунален отпад. Отпадните
батерии и отпадната електрична и
електронска опрема мора да се собираат
посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и
отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место
за собирање.
Во зависност од локалните регулативи,
трговците на мало може да се обврзани
бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и
електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и
отпадната електрична и електронска опрема
помага да се намали побарувачката на
суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што
содржат литиум, и отпадната електрична и
електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може
негативно да влијаат на животната средина и
на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
85

Publicité

loading