Makita CF100D Manuel D'instructions page 145

Masquer les pouces Voir aussi pour CF100D:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 10
Монтирање или вадење на батеријата (Сл. 3)
Секогаш исклучувајте го алатот пред монтирањето или вадењето на батеријата.
За да ја извадите батеријата, лизнете ја од алатот додека го лизгате копчето (10). Држете го безжичниот
вентилатор кога ја лизгате батеријата.
За да ја монтирате батеријата, порамнете го јазичето на батеријата со жлебот во куќиштето и наместете
ја на соодветното место. Ставете ја до крај сè додека не се намести на своето место со мало кликнување.
Ако може да го видите црвениот индикатор (11) на горната страна на копчето, таа не е целосно заклучена.
Монтирајте ја целосно за црвениот индикатор (11) да не може да се види. Во спротивно, таа може случајно да
падне од алатот предизвикувајќи ви повреда вам или на некој околу вас.
Не употребувајте сила кога ја монтирате батеријата. Доколку батеријата не се вклопи лесно, таа не е
соодветно поставена.
За да работите со безжичниот вентилатор користејќи батерија, погледнете го упатството за адаптерот за
електрично напојување.
Прикажување на преостанатиот капацитет на батеријата (Сл. 4)
Само за батерии со индикатор
Притиснете го копчето за проверка (14) на батеријата за да се прикаже преостанатиот капацитет на
батеријата. Ламбичките на индикаторот (13) светнуваат неколку секунди.
Ламбички на индикатор
Осветлено
ЗАБЕЛЕШКА:
• Во зависност од условите за користење и амбиенталната температура, прикажувањето може малку да се
разликува од конкретниот капацитет.
• Заштитата од прекумерно празнење за батеријата ќе функционира кога капацитетот на батеријата ќе
се намали. Во ваков случај, безжичниот вентилатор автоматски запира. Ако безжичниот вентилатор
не функционира дури и кога ќе се вклучи прекинувачот, извадете ја батеријата од алатот и заменете ја
батеријата.
Вклучување / исклучување на вентилаторот (Сл. 1)
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (1) за да го вклучите вентилаторот. Повторно притиснете
го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите вентилаторот.
Менување на брзината на струење (Сл. 5)
Притиснете го копчето за менување на брзина (3) додека вентилаторот работи. Брзината на струење се
зголемува секогаш кога ќе го притиснете копчето. Брзината на струење ќе се врати на најниското ниво кога
работи со најголема брзина.
Безжичниот вентилатор ќе започне со истата брзина како претходната поставка.
Прилагодување на аголот на главата на вентилаторот (Сл. 6)
Аголот на главата на вентилаторот може да се прилагодува. Опсегот на движење на главата на вентилаторот
е како што е прикажано на сликата.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Не вртете ја главата на вентилаторот повеќе од неговиот опсег на движење.
Закачување на вентилаторот (Сл. 7)
Користете ја закачалката на рачката да го закачите безжичниот вентилатор на сталак или на други практични
места. За да спречите безжичниот вентилатор случајно да падне, прикачете ремче користејќи го отворот за
ремче (4) и прицврстете го.
Исклучено
Преостанат капацитет
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
145

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières