Ставање Во Употреба - Bosch GPO 950 Professional Notice Originale

Masquer les pouces Voir aussi pour GPO 950 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 17
GPO 950_160992A3S8.book Page 135 Tuesday, May 15, 2018 4:15 PM
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Дополнителна дршка
 Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 5.
Зашрафете ја дополнителната дршка 5 на десно или на
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
 Не ја менувајте дополнителната дршка.
 Не ја користете оштетената дополнителна дршка.
Заштитна плоча
Монтирајте ја заштитната плоча 4, за да обезбедите
подобра заштита од топлиот воздух од процепите за
вентилација на електричниот алат.
Заштитната плоча 4 се прицврстува заедно со
дополнителната рачка 5.
Монтирање на алатите за полирање
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Исчистете го адаптерот 6 или 7 и сите делови што треба да
се монтираат.
Навртете го адаптерот 6 или 7 во електричниот алат.
– Држете го цврсто адаптерот на електричниот алат со
вилушкаст клуч 13.
– Врз основа на големината на опремата навртете го
адаптерот 6 или 7 со вториот вилушкаст клуч 13 во
правец на стрелките на часовникот.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Леплив диск
Навртете го лепливиот диск 8 во правец на стрелките на
часовникот на адаптерот 6 или 7.
Bosch Power Tools
Прицврстете го рамниот сунѓер за полирање 9 или
волненото перниче 10 или нерамниот сунѓер за полирање
11 на лепливиот диск 8.
Плочи за полирање со сунѓер
Навртете го плочите за полирање со сунѓер 12 во правец
на стрелките на часовникот на адаптерот 6 или 7.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување 3.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 3притиснете на блокадата 2.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 3 одн. доколку
тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 3 и потоа ослободете го.
 Пред употребата проверете ги алатите за полирање.
Алатот за полирање мора да биде беспрекорно
монтиран и да може слободно да се врти. Направете
проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не
користете оштетени, нетркалезни или алати за
полирање што вибрираат. Оштетените алати за
полирање може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Македонски | 135
1 609 92A 3S8 | (15.5.18)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières