Télécharger Imprimer la page

AEG BK18C Notice Originale page 91

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 21
безбедна употреба и ги сфатиле потенцијалните опасности што
би произлегле од употребата.
Деца не смее да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот не смее да вршат деца без
соодветен надзор.
Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на
авторизирана стручна работнил-ница на поправка.
После 5 минути континуирано работење, мора да се направи
кратка пауза од најмалку 5 минути, за да му се овозможи на
уредот да се олади.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
За да избегнете повреда и оштетување, алатот, преносливата
батерија или полначот никогаш не потопувајте ги во течност
или, пак, не дозволувајте во нив да навлезе вода.
Користете исклучиво Систем GBS за полнење на батерии од GBS
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од
Mak
оштетување на производот, коишто ги создава краток спој,
не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија
или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки
препарати или производи кои содржат избелувачки
супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Пумпата е наменета за пумпање предмети како што се
автомобилски пневматици, пневматици за велосипед,
пневматици за косилки за трева, спортска опрема, воздушни
душеци, играчки за плажа и други предмети на дување.
Оваа алатка немојте да ја користите за полнење на резервоари
за воздух или амортизери. Оваа алатка немојте да ја користите
како апарат за дишење. Оваа алатка немојте да ја користите за
распрскување на хемикалии.
ОДРЖУВАЊЕ
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
Работите на одржување и поправка смеат да бидат изведувани
исклучиво од страна на авторизи-рани стручни работил-ници.
Доколку алатката не стартува или не работи со полна сила при
полна батерија, исчистете ги контактите на батеријата.
Ако алатот сè уште не работи правилно, алатката, полначот и
батеријата вратете ги на поправка во некој сервис на AEG.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ
на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и
типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја
скицата кај локалниот застапник или директно кај:
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
Македонски
88
88
БАТЕРИИ
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба. Батриите кои не биле користени подолго
време треба да се наполнат пред употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место..
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост..
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад
и не горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот пред
полнењето.
Кога апаратот се чува подолго време, батериите треба да се
отстранат.
Празните батерии мора да се извадат од апаратот и безбедно
да се отстранат.
Клемите на полначот не смеат да се премостуваат.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде
до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет
е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.

Publicité

loading