Télécharger Imprimer la page

Indesit D2FHD624AS Guide Rapide page 24

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 16
ВАЖНО ДА СЕ ПРОЧИТА И ПОЧИТУВА
Пред да го користите апаратот, прочитајте ги овие
безбедносни упатства. Чувајте ги за во иднина.
Овие упатства и самиот апарат даваат важни
безбедносни предупредувања, кои треба постојано
да се почитуваат. Производителот одбива секаква
одговорност за непридржување кон овие безбедносни
упатства, за несоодветна употреба на апаратот или
неправилно поставување на контролите.
Многу мали деца (0-3 години) треба да се
чуваат подалеку од апаратот. Малите деца (3-8
години) треба да се чуваат подалеку од апаратот
освен ако не се под постојан надзор. Деца од
8 години и поголеми, како и лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности или
без искуство и знаење можат да го користат овој
апарат само доколку се под надзор или ако им се
дадени упатства за безбедна употреба и ако ги
разберат вклучените опасности. Децата не смеат
да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето
не смеат да го вршат деца без надзор.
ДОЗВОЛЕНА УПОТРЕБА
ВНИМАНИЕ: апаратот не е наменет да се ракува
со помош на надворешен преклопен уред, како
што е тајмер, или посебен систем со далечински
управувач.
Овој апарат е наменет да се користи во
домаќинството и слични примени како што се:
кујни за персоналот во продавници, канцеларии
и други работни средини; куќи на село; од страна
на клиентите во хотели, мотели, пансиони и други
станбени средини.
Максималниот број на поставки за место е
прикажан во техничкиот лист на производот.
Вратата не треба да се остава отворена - опасност
од сопнување. Отворената врата на апаратот може
да ја издржи тежината на наполнетата решетка
само кога е извлечена. Не потпирајте предмети на
вратата и не седете или стојте на неа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Детергентите за миење
садови се силно алкални. Тие можат да бидат
многу опасни доколку се проголтаат. Избегнувајте
контакт со кожата и очите и чувајте ги децата
подалеку од машината за садови кога вратата е
отворена. Проверете дали преградата за детергент
е празна по завршувањето на циклусот на миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ножевите и другите
прибори со остри делови мора да се стават во
корпата со острите делови свртени надолу или да
се стават во хоризонтална положба - опасност од
исеченици.
Овој апарат не е за професионална употреба.
Не користете го апаратот на отворено. Не чувајте
експлозивни или запаливи материи (на пр. канти
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
со бензин или аеросол) внатре или во близина на
апаратот - опасност од пожар. Апаратот мора да
се користи само за миење садови во согласност со
инструкциите од ова упатство. Водата во апаратот
не е за пиење. Користете само детергент и адитиви
за плакнење наменети за автоматска машина за
садови. Кога додавате сол во омекнувачот за вода,
извршете еден циклус веднаш за да не дојде до
оштетување од корозија на внатрешните делови.
Чувајте го детергентот, средството за плакнење и
солта подалеку од дофат на деца. Исклучете го
доводот на вода и откачете го кабелот од струја пред
сервисирање и одржување. Исклучете го апаратот
од струја во случај на дефект.
ИНСТАЛАЦИЈА
Апаратот мора да го ракуваат и инсталираат две
или повеќе лица - опасност од повреда. Користете
заштитни ракавици за отпакување и инсталирање
- опасност од исеченици. Поврзете ја машината
за садови со довод за вода со употреба само на
нови комплети црева. Старите комплети црева не
треба повторно да се користат. Сите црева мора
да бидат добро прицврстени за да не се олабават
за време на работата. Мора да се почитуваат сите
локални прописи за снабдување со вода. Притисок
на водоснабдување 0.05 - 1.0 MPa. Апаратот мора
да биде поставен на ѕид или вграден во елемент
за да се ограничи пристапот до задната страна.
За машините за садови кои имаат отвори за
вентилација во основата, отворите не смеат да
бидат попречени со тепих.
Инсталирањето,
водоснабдувањето (ако има) и електричните
приклучоци, и поправките мора да ги врши
квалификуван
заменувајте ниеден дел од апаратот освен
ако не е конкретно наведено во упатството за
употреба. Чувајте ги децата подалеку од местото
на инсталација. Откако ќе го отпакувате апаратот,
проверете дали е оштетен за време на транспортот.
Во случај на проблеми, контактирајте со продавачот
или најблискиот постпродажен сервис. Откако ќе
се инсталира, отпадот од амбалажата (пластика,
делови од стиропор итн.) мора да се чува подалеку
од дофат на деца - опасност од задушување.
Апаратот мора да се исклучи од струја пред каква
било операција - опасност од струен удар. За
време на инсталацијата, проверете дали апаратот
го оштетил кабелот за струја - опасност од пожар
или струен удар. Активирајте го апаратот само по
завршување на инсталацијата.
Ако ја инсталирате машината за садови на крајот од
редот единици што го прават пристапен страничниот
панел, површината на шарките мора да биде
21
вклучително
техничар.
Не
поправајте
MK
и
или

Publicité

loading