Gorenje K17GED Notice D'utilisation page 13

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 47
Никогаш не преполнувајте го бокалот
над ознаката за максимално ниво.
Доколку бокалот е преполн, врелата
вода може да се излие од отворот за
налевање и да предизвика
изгореници.
Не отворајте го капакот додека водата
врие. Внимавајте при отворање на
капакот непосредно по зовривање на
водата: пареата што испарува од
бокалот е многу жешка.
Избегнувајте да го допирате
надворешниот дел на бокалот, бидејќи
многу се вжештува при работа.
Секогаш кревајте го бокалот држејќи
го за рачката.
Секогаш проверувајте дали водата го
покрива газерот на бокалот, за да
спречите бокалот да врие на празно.
На газерот на бокалот може да се јави
кондензација на вода. Ова е сосема
нормално и не значи дека бокалот е
неисправен.
Во зависност од тоа колку е тврда
водата во вашата средина, при
употребата на вашиот бокал може да
се појават мали дамки на грејачот. Со
текот на времето, оваа појава се
јавува како резултат од наталожениот
бигор на грејачот и на внатрешноста
на бокалот. Колку е водата потврда,
толку побргу се наталожува бигор.
Бигорот може да биде во различни
бои. Иако бигорот е безопасен,
премногу бигор може да влијае врз
работата на бокалот. Редовно
отстранувајте го бигорот од бокалот,
следејќи ги насоките дадени во делот
од упатството со наслов
„Отстранување на бигор".
Електромагнетни полиња (ЕМП)
Овој апарат на Горење е во сообразност со
сите стандарди во однос на електромагнетните
полиња (ЕМП). Според достапните научни
сознанија, апаратот е безбеден за употреба
доколку со него се ракува соодветно и според
насоките дадени во ова упатство за употреба.
Оваа опрема е означена во согласност
со европската Директива 2012/19 / EУ за
отпад од електрична и електронска
Директивата претставува рамка за
враќање и рециклирање отпад од
електрична и електронска опрема,
важечка ширум Европа.
Заштита од вриење на празно.
Овој бокал е опремен со заштита од вриење на
празно. Со овој уред, бокалот автоматски се
исклучува доколку случајно се вклучи празен
или со недоволно вода. Копчето
„вклучи/исклучи" (on/off) останува во положба
„вклучено" (on), но сијаличката во форма на
прстен што означува „вклучено" се гасне.
Завртете го копчето „вклучи/исклучи" (on/off) во
положба „исклучено" (off) и оставете го бокалот
да се излади околу 10 минути. Потоа, тргнете
го бокалот од основата, за да ја ресетирате
заштитата од вриење на празно. Сега, бокалот
е веќе спремен за повторна употреба.
Пред прва употреба
1. Доколку на основата или бокалот има
налепници, отстранете ги.
2. Поставете ја основата на сува, стабилна и
рамна површина.
3. Плакнете го бокалот со вода.
4. Наполнете го бокалот со вода до
максималното ниво и оставете го еднаш да ја
изврие (видете „Употреба на апаратот").
5. Истурете ја зовриената вода и исплакнете го
бокалот уште еднаш.
Употреба на апаратот
1. Отворете го капакот со притискање на копчето
за отворање на капакот.
2. Наполнете го бокалот со вода.
Наполнете го бокалот преку отворот за
налевање или преку горниот отвор со отворен
капак.
3. Затворете го капакот.
Проверете дали капакот е добро затворен за
да спречите бокалот да врие на празно.
4. Ставете го бокалот на основата.
13
опрема (ОЕЕО).

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières