Télécharger Imprimer la page

Упатство За Употреба - Milwaukee L4 HBLB Notice Originale

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 4
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
ТЕРМО БЛУЗАТА НА БАТЕРИИ
Време на работа .........................................................................околу
Големина на конфекција ......................................................................
батерија .................................................................................................
Волтажа на батеријата ........................................................................
ДЦ приклучок ........................................................................................
Мрежен елемент Влез .........................................................................
Мрежен елемент Излез........................................................................
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014
S ..........................................................................................................
M .........................................................................................................
L ..........................................................................................................
XL ........................................................................................................
2XL ......................................................................................................
Препорачана температура на околината при работа .......................
Препорачани типови на акумулаторски батерии ..............................
Препорачани полначи ..........................................................................
ПРЕГЛЕД
Џеб за батерија
Копче за вклучување
За вклучување на термо блузата на батерии, држете го
притиснато копчето за вклучување приб. 1 секунда.
Температурата на термо блузата на батерии може да се
промени во секое време со притискање на копчето за
вклучување. Секое притискање ќе активира поставка за
температура на термо блузата на батерии:
Висока температура:
црвена LED-сијаличка
Ниска температура:
сина LED-сијаличка
За да ја исклучите термо блузата на батерии, притиснете и
држете го копчето за вклучување додека не се исклучи LED-
сијаличката (околу 3 секунди).
Ако термо блузата на батерии неочекувано се исклучи,
проверете го поврзувањето и наполнете ја батеријата.
Доводен кабел
Кабелски приклучок
Држач на батерија / Апарат за полнење
ПРЕГЛЕД
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и упатства.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Оваа термо блуза на батерии не смее да се користи со новороденчиња,
деца, беспомошни лица или лица нечувствителни на топлина (како што
се лица со слаба циркулација на крв).
Грејната јакна никогаш да не се употребува со мокра внатрешна
постава.
Грејниот елемент не смее да ја допре непокриената кожа.
При тегоби од секаков вид веднаш да се исклучи грејната јакна.
Доводниот кабел не смее да се приклешти.
Ако се забележи неправилно работење на оваа термо блуза на батерии,
прекинете ја нејзината употреба и испратете ја на службата за
корисници на MILWAUKEE за поправка.
Да не се употребуваат игли како на пр. беџови, брошеви и слично затоа
што тие би можеле да го оштетат електричното ожичување.
52
МАКЕДОНСКИ
L4 HBLB
............ 1,5 h / 3,0 h
...........S/M/L/XL/2XL
..................Li-Ion
................... 4 V
................... 4 V
8 W
........ 100-240 V ~ 50/60 Hz; 0.6 A max.
................... 5 V
2.1 A; 10,5 W .
............... 550 g
............... 570 g
............... 610 g
............... 650 g
............... 690 g
...........-18°C ... +50 °C
.............. L4B2, L4B3
............... L4 USBPS
Пред перење батеријата да се издвои од грејната јакна и држачот за
батерии да се извади од џебот за батерија.
Без хемиско чистење. Не користете средство за хемиско чистење на
текстил за оваа термо блуза на батерии. Да не се избелува. Средствата
за чистење може штетно да влијаат на изолацијата на грејните
елементи.
Да не се пегла.
Плочки со име и етикети да се ракуваат внимателно. Тие имаат важни
информации. Доколку тие повеќе не се читливи или пак недостасуваат,
да се контактира корисничката служба на Милвоки (MILWAUKEE).
Пред да се складира, грејната јакна најнапред да се остави да се олади
и потоа да се здипли.
Редовно да се проверува да не дошло до абење или оштетување на
јакната. Ако постојат такви знаци, како резултат на несоодветна
употреба или порада пречки во функционирањето, јакната да не се
употребува, туку да се врати до испорачателот.
Грејната јакна не смее да ја употребуваат лица нечувствителни на
топлина или пак други лица, кои што не се во состојба да реагираат на
прегревање.
Јакната не смее да се користи од страна на деца на возраст под три
години, бидејќи истите не се во состојба да реагираат на прегревање.
При складирањето на јакната врз неа да не се ставаат предмети, за да
не дојде до нејзино гужвање.
Кога ќе ја складирате да не се ставате предмети врз јакната, за да не
дојде до свиткување на елементите за загревање.
ВНИМАНИЕ: Со цел да се спречи топлотен удар, Ве молиме исклучете
го грејачот кога ќе се приближите до значително потопла средина.
Електричната јакна не е наменета за медицински цели, на пример за
употреба во болници.
Јакната може да ја користат деце на возраст над три години, откако
родителот или старателот ќе ги изврши потребните подесувања или
кога на детето во доволна мерка ќе му биде објаснета безбедната
употреба на јакната.
За чистење да се користи мокра сунѓереста крпа.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем Milwaukee 4 V за полнење на батерии од
Milwaukee 4 V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Термо блузата на батерии може да се користи за загревање на телото
во ладни средини.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
РАБОТА
Ако термо блузата на батерии не грее или не работи правилно
со целосно наполнета батерија, исчистете ги контактите на
батеријата. Ако термо блузата на батерии сè уште не
функционира правилно, испратете ја термо блузата на батерии,
полначот и батеријата на службата за корисници на
MILWAUKEE за поправка.
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5 циклуса
на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани комплети
батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт
на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба
да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ЕТИКЕТА
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Сушење на ниска жештина.
Белење не е дозволено
Пеглање не е дозволено
Цедење и превиткување не е дозволено
Хемиско чистење не е дозволено
Не е наменета за мали деца (0–3 години)
0-3
Да не се боде со игли
Пред перење, отстранете ја батеријата и држачот
на батеријата/полначот
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот
отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник, каде
има такви погони за рециклажа и собирни
станици.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
МАКЕДОНСКИ
53

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

L4hblb-301