Технички Податоци - Makita CV101D Manuel D'instructions

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 6
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Модел
Чекори за
прилагодување на
температурата
Материјал
Отвор за напојување
преку USB
Работно време (ч)
Ниско ниво
Средно ниво
Високо ниво
Номинален напон (V)
Касета со батерија
• Поради постојаното истражување и развој,
техничките податоци дадени тука може да се
менуваат без известување.
• Техничките податоци и касетата со батеријата може
да се разликуваат од земја до земја.
• Времето на работа може да се разликува во
зависност од видот на батеријата и условите на
користење.
ФУНКЦИОНАЛЕН ОПИС
Вклучување
За да го вклучите елекот, турнете го и задржете го
копчето за вклучување/исклучување (околу 1,5
секунди). За да ја исклучите, повторно турнете го и
задржете го копчето за вклучување/исклучување.
Прилагодување на температурата
Постојат три нагодувања за температурата (високо,
ниско, средно).
Три LED ламбички означуваат дека температурата е
поставена на „високо", две LED ламбички „средно" и
една LED ламбичка - „ниско".
Кога ќе го вклучите елекот, температурата се
поставува на „високо". Со секое притискање на
копчето за вклучување/исклучување, се менува
нагодувањето на температурата на елекот.
Го покажува преостанатиот капацитет
на батеријата (Сл. 2)
(Само за батерии со буквата „В" на крајот од бројот на
модел)
Притиснете го копчето за проверка (7) на батеријата за
да се покаже преостанатиот капацитет на батеријата.
Индикаторските ламбички (6) светнуваат и остануваат
вклучени неколку секунди.
114
CV101D
3
Облога и постава:
- Најлон 100%
Страна:
- Полиестер 90%
- Спандекс 10%
Обем и исполнетост на
отвор за рака:
- Полиестер 100%
DC 5V, 2,1A
Со батерија BL1040B
ПРИБЛИЖНО 14
ПРИБЛИЖНО 7,5
ПРИБЛИЖНО 4,0
DC 10,8 V
BL1015, BL1020B, BL1040B
Индикаторски ламбички
Вклучена Исклучена
НАПОМЕНА:
• Во зависност од условите на употреба и
амбиенталната температура, индикацијата може да
се разликува во мала мера од реалниот капацитет.
СКЛОПУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Цврсто држете го држачот на батеријата и
касетата со батеријата кога ја монтирате или
отстранувате касетата со батеријата. Ако
држачот на батеријата и касетата со батеријата не
се држат цврсто, тоа може да предизвика нивно
лизгање од вашите раце и да резултира со
оштетување на држачот на батеријата и касетата со
батеријата, како и со лична повреда.
Монтирање или остранување на
касетата врз држачот на батеријата
(Сл. 3)
За да ја монтирате касетата со батеријата (10),
порамнете го јазичето на касетата со батеријата со
жлебот во држачот на батеријата и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
заклучи на место при што ќе се слушне мало
кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор (9) на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
Секогаш монтирајте ја касетата со батеријата целосно
додека црвениот индикатор не престане да свети. Во
спротивно, може случајно да испадне од држачот на
батеријата, со тоа предизвикувајќи повреда вам или
некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
За да ја отстраните касетата со батеријата, лизнете ја
од држачот на батеријата додека го лизгате копчето (8)
на предниот дел од батеријата.
Прикачување на држачот на батеријата
на елекот со греење (Сл. 4)
Држачот на батеријата може да го поставите или во
џебот за држачот на батеријата или да го закачите на
ременот.
Во случај кога ќе го поставите во џебот, поврзете ги
држачот на батеријата и кабелот за напојување на
јакната, и поставете го во џебот за држачот на
батеријата.
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières