Hellberg Xstream Manuel D'utilisation page 56

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 11
Непрекинат тек на музика од уред со Bluetooth®
1. Вклучете ги слушалките (видете ги претходните чекори).
2. Стартувајте го репродукторот за музика на телефонот (или на друг уред).
3. Пуштете музика/паузирајте со кратко притискање на копчето On/Off.
4. Прилагодете ја јачината на звукот со притискање на копчињата за јачина на звук ЗГОЛЕМИ/НАМАЛИ (A12, A13).
5. Преминете на следната песна со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот ЗГОЛЕМИ за 2 секунди.
6. Пуштете ја песната од почеток со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ за 2 секунди.
7. Одете на претходната песна со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ за 4 секунди.
Одговарање/Завршување/Одбивање повик
Повеќето телефони испраќаат свој сигнал до слушалките. Ако не, 7 различни тонови укажуваат на дојдовен повик.
1. Одговорете на повик со кратко притискање на копчето On/Off. 4 тона што се засилуваат потврдуваат дека повикот
е воспоставен.
2. Прекинете повик со кратко притискање на копчето On/Off. 4 тона што се намалуваат потврдуваат дека повикот
е одбиен.
3. За да одбиете повик, притиснете го и задржете го притиснато копчето On/Off за 2 секунди. 2 тона ќе ви потврдат.
Слушалките имаат вграден микрофон за комуникација по телефон (А10). За подобра разбирливост на говорот во бучна
околина, користете го микрофонот на држач (B5), достапен како додаток.
Гласовно избирање од слушалките преку поврзан телефон
Проверете во упатството за користење на вашиот телефон дали поддржува гласовно избирање.
1. Притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување On/Off за 3 секунди и потоа го
ослободете. Звучен сигнал потврдува дека функцијата е активирана.
2. Изговорете ја наредбата за гласовно избирање.
Повеќето телефони што поддржуваат гласовно контролирано избирање ќе испратат сигнал за потврда кога ќе ја
изговорите наредбата за гласовно избирање.
Приспособување на јачината на звукот за време на повик
1. Зголемете ја јачината на звукот со притискање на копчето за јачина на звукот ЗГОЛЕМИ (A13)
2. Намалете ја јачината на звукот со притискање на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ (A12)
Прекината врска Bluetooth®
Ако врската Bluetooth® е прекината поради пречекорување на опсегот (повеќе од 10 метри), во слушалките ќе се
слушнат 3 тона, а копчето On/Off мора да се притисне еднаш за повторно да се воспостави врската кога се наоѓате
во опсегот. Ако не е воспоставена врска во рок од 15 минути, слушалките автоматски ќе се исклучат. Притиснете го и
задржете го притиснато копчето On/Off за 3 секунди за да ги рестартирате слушалките.
Функција „Активно слушање" која зависи од нивото на звукот во околината (достапна во Xstream LD 48100-001
и 48101-001)
Ако вашиот модел има микрофони со функција која зависи од нивото на звукот во околината (А7), следете ги упатствата
за употреба подолу.
Притиснете го и задржете го копчето LD (А15) за да ја вклучите функцијата „Активно слушање". Звучен сигнал потврдува
дека функцијата е активирана.
Јачината на звукот е прилагодлива на 5 нивоа. Прилагодувајте ја јачината на звукот со притискање на копчето LD
(A15) се додека не го достигнете посакуваното ниво на јачина на звукот. Кога ќе достигнете до ниво 5, звучен сигнал
ќе потврди дека сте го достигнале максималното ниво. За да се вратите на ниво 1 за јачината на звукот, повторно
притиснете го копчето LD.
Притиснете го и задржете го копчето LD (А15) за да ја исклучите функцијата „Активно слушање".
Слушалките ја запаметуваат последната подесена јачина на звукот при следното вклучување на функцијата за активно
слушање.
• Овој заштитник за слух е обезбеден со функција за придушување, кое зависи од нивото на звукот во околината.
Корисникот треба да го провери правилното функционирање пред употреба. Доколку корисникот открие дека
заштитникот за слух има неправилна функција или дефект, треба да се повика на советите на производителот за
одржување и замена на батеријата.
• Предупредување! Излезното ниво на гласност на овој заштитник на слух може да го надмине нивото на надворешниот
звук.
Предупредување за слаба батерија
Кога моќта на батеријата се намалува и останува приближно еден час од максималното време за работа, во слушалките
ќе се слушне сигнал од 3 тона. Тогаш батеријата треба да се наполни што е можно побрзо. Слушалките ќе се исклучат
кога батеријата ќе се потроши.
Полнење на батеријата
Наполнете ги слушалките пред првата употреба!
Од безбедносни причини, сите функции на слушалките автоматски се исклучуваат при полнење.
Слушалките се полнат кога ќе бидат поврзани со напојување преку USB.
Користете го кабелот USB што е доставен со слушалките (B:4). Проверете дали кабелот за полнење е правилно поврзан
со приклучокот за полнење на слушалките (A8) и напојувањето преку USB (на пр. USB-приклучок на компјутер или во
автомобил, или адаптер за полнење на вашиот мобилен телефон).
Осигурете се дека напојувањето е од типот LPS и е одобрено според локалните закони за електронски уреди.
Спецификации на напојувањето: Излез DC 5V 1000 mA (ограничен извор на напојување - LPS).
Кога се полнат, LED сијаличката на слушалките (А11) ќе трепка зелено.
Кога батеријата е целосно наполнета, LED сијаличката се менува во полна зелена боја.
Исклучете го кабелот за полнење кога слушалките се целосно наполнети.
Целосното полнење трае околу 3 часа.
Времетраењето на батеријата е околу 50 часа со активна врска Bluetooth® (A2DP и/или HFP, HSP).
Времето на подготвеност е 100 часа без активна врска Bluetooth®.
56

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières