Bosch GMS 120 Professional Notice Originale page 278

Masquer les pouces Voir aussi pour GMS 120 Professional:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 30
278 | Македонски
Притиснете на копчето за режим на работа Метал (10), за да го активирате режимот.
Светлечкиот прстен (1) и приказот за режим на работа (4) свети зелено на копчето
за режим на работа Метал.
Ако мерниот уред се наоѓа над метален предмет (светлечкиот прстен (1) свети
црвено), на екранот се прикажува видот на металот: кај магнетизирани метали (на
пр. железо) се појавува приказот за магнетизирани метали (e), а кај
немагнетизирани (на пр. бакар) се појавува приказот за немагнетизирани
метали (d).
Напомени: кај подлога што се пребарува со челична арматура и армирано железо,
над целата површина ќе се прикаже отчукување во мерниот приказ (i). Обично кај
челична арматура, директно над армираното железо се појавува приказот за
магнетизирани метали (e), а меѓу армираното железо се појавува приказот за
немагнетизирани метали (d).
Режим на работа Струен кабел
Режимот на работа Струен кабел е исклучиво погоден за пронаоѓање на струјни
кабли (110−230 V).
Притиснете на копчето за режим на работа Струен кабел (9), за да го активирате
режимот. Светлечкиот прстен (1) и приказот за режим на работа (4) свети зелено на
копчето за режим на работа Струен кабел.
Доколку се пронајде струен кабел, на екранот се појавува приказот за струјни
кабли (f). Повторете го движењето над површината со мерниот уред, за поточно да
ги лоцирате струјните кабли. По повеќекратно поминување со уредот над
површината, струјниот кабел ќе се прикаже многу прецизно. Доколку мерниот уред
е многу блиску до кабелот, светлечкиот прстен (1) трепка црвено и се слуша
забрзан звучен сигнал.
Напомени:
– Струјните кабли се прикажуваат во секој режим на работа.
– Струјните кабли може полесно да се пронајдат (на пр. светла, уреди), доколку
истите се приклучени и вклучени на кабелот што се бара. Исклучете ги
потрошувачите на струја, пред да дупчите во ѕид, сечете или глодате.
– Под одредени околности (како на пр. метални површини или зад површини
со голема содржина на вода) струјните кабли не може да се пронајдат со
сигурност. Јачината на сигналот за струјните кабли зависи од положбата на
кабелот. Затоа проверете со дополнителни мерења во близина или преку други
извори на информации, дали постојат струјни кабли.
1 609 92A 5DB | (23.02.2021)
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières