Bosch Professional GBG 35-15 Notice Originale page 118

Masquer les pouces Voir aussi pour Professional GBG 35-15:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
118 | Македонски
Двострани брусилки
Класа на заштита
A) Начинот на работа S2 (60 min) го означува краткото
работење со максимално време на работење од 60 min. По
ова време, исклучете го електричниот алат и оставете го да
се олади.
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-4.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот
притисок при работењето може да ги надмине
наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
– Прицврстете го електричниот алат на четирите
предвидени отвори (7) со соодветните завртки на
работната маса/работната плоча.
Монтирање на заштитата од искри/основата
на предметот за обработка (види слики A−D)
– Монтирајте го држачот за заштитата од искри (10) со
двете завртки.
– Зацврстете ја заштитата од искри (11) на држачот за
заштитата од искри (10).
– Монтирајте ја основата на предметот за обработка
(12) како што е прикажано на сликата.
Проверувајте го редовно растојанието помеѓу
u
основата на предметот за обработка (12) одн.
држачот на заштитата од искри (11) кон брусното
тркало и евентуално прилагодете го. Растојанието
кон брусното тркало не смее да биде поголемо од
1 609 92A 5X1 | (04.08.2020)
2 mm. При поголемо растојание не сте доволно
GBG 35-15
заштитени од искрите што летаат. Предметот за
/ I
обработка може да биде повлечен преку ротационото
движење на брусното тркало и да предизвика
повреди.
Користете го електричниот алат само со заштитна
u
маска (11) и свртете ја колку што можете кон долу.
Искрите може да ги оштетат Вашите очи или може да
предизвикаат пожар на објектите во таа околината.
Користете го електричниот алат само со основата
u
на предметот за обработка. Не ги заменувајте
десната и левата основа на предметот за обработка
(12). Растојанието помеѓу основата на предметот за
обработка (12) и брусното тркало е инаку преголемо.
При поголемо растојание не сте доволно заштитени од
искрите што летаат. Предметот за обработка може да
биде повлечен преку ротационото движење на
брусното тркало и да предизвика повреди.
Промена на брусните тркала
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
u
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат. Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
Не е дозволена примена на брусни плочи, чии
u
пречници ги надминуваат податоците на
електричниот алат.
Користете го електричниот алат само доколку
u
алатите што се вметнуваат се монтирани на двете
вретена. Со тоа се избегнува контактот со
ротирачкото вретено.
Променете ги брусните тркала, доколку држачот за
заштита од искри (10) повеќе не дозволува да се
прилагодува потребното растојание од најмногу 2 mm
кон брусното тркало.
– Олабавете ги трите завртки на капакот (1) и извадете
го капакот. Држете го цврсто брусното вретено (5) со
вилушкаст клуч (9) и одвртете ги навртките за
затегнување (2) од брусното вретено (5).
Напомена: Оската на брусното вретено која излегува на
левата страна на електричниот алат (5) има лев навој.
– Извадете ги приклучната прирабница (3) и брусното
тркало од оската на брусилката (5).
– Монтирањето на новото брусно тркало следува по
обратен редослед. Поставете го капакот (1) повторно
со цврсто притискање и зацврстете го со трите
завртки.
Наострете ги употребуваните и оштетените нетркалезни
брусни тркала пред натамошната употреба со брусен
камен (прибор).
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Bosch Power Tools

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières