Македонски; Безбедносни Напомени - Bosch AQT 33-10 Notice Originale

Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 15
OBJ_BUCH-1870-005.book Page 131 Wednesday, November 27, 2013 4:29 PM
Македонски
Безбедносни напомени
Толкување на симболите
Општи безбедносни правила.
Никогаш не насочувајте ја пералката
директно кон луѓе, животни, електрични
уреди или компоненти.
Внимание: Високопритисните пералки
можат да бидат опасни, ако се користат
несоодветно.
Во склад со важечките прописи уредот не
смее да се користи прикачен директно на
водоводната мрежа без системски
сепаратор. Користете системски сепаратор
како ИЕЦ 61770 Вид БА.
Водата којашто минува низ системски
сепаратор веќе не е погодна за пиење.
Безбедносни правила за високопритисната
пералка
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимателно прочитајте ги упатствата и
предупредувањата, бидејќи содржат важни
информации за безбедна работа.
Освен информациите дадени во упатството за
ракување, почитувајте ги и општите безбедносни
правила и прописите за превенција на незгоди.
Приклучување на струја
 Волтажата прикажана на натписната плочка мора да
биде иста со волтажата на електричната мрежа.
 Советуваме овој уред да биде приклучен на струја
преку утикач со заштитен уред за заостаната струја што
се активира при промена на јачината на струјата од
30 mA.
 Исклучувајте ја машината од напојување секогаш кога
не ја користите, па макар и само на кратко.
 Електричната инсталација мора да биде во склад со
стандардот IEC 60364-1.
 Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна
на произведувачот, неговиот овластен сервисер или
подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне
незгода.
 Ниикогаш не допирајте го утикачот со мокри раце.
 Не извлекувајте го кабелот од утикачот додека
машината работи.
Bosch Power Tools
 Не газете ги, не превиткувајте ги и не тегнете ги
напојниот или продолжниот кабел, бидејќи на тој начин
можат да се оштетат. Заштитете го кабелот од топлина,
масло и оштри рабови.
 Не користете ја машината ако се оштетени некои важни
делови, како на пример високопритисното црево,
пиштолот или некој од сигурносните прекинувачи.
 Внимание: Несоодветните продолжни кабли можат да
бидат опасни.
 Ако користите продолжен кабел, врската меѓу
продолжниот и напојниот кабел мора да биде
водоотпорна. Продолжниот кабел мора да има
попречен пресек според спецификациите во
упатството за работа и да биде заштитен од вода.
Врската не смее да се наоѓа во вода.
 Кога се менува напојниот кабел или некој негов дел,
заштитата од вода или механичката стабилност на
машината мора во потполност да се чуваат.
Приклучок на вода
 Почитувајте ги важечките прописи на Вашиот
снабдевач.
 Сите приклучни црева мораат да имаат соодветни
непропусни спојки.
 Доводното црево мора да биде со минимална големина
од 12,7 mm (1/2").
 Уредот никогаш не треба да се користи споен директно
на водоводната мрежа без повратен вентил. Водата што
поминала низ повратниот вентил повеќе не е исправна
за пиење.
 Високопритисното црево не смее да се користи ако е
оштетено (опасност од пукање). Оштетеното
високопритисно црево мора веднаш да се замени.
Користете само црева и спојки коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
 Високопритисните црева, фитинзи и спојки се важни за
безбедно ракување со уредот. Употребувајте само
црева, фитинзи и спојки коишто ги препорачува
произведувачот на уредот.
 За напој користете само чиста или филтрирана вода.
Примена
 Пред употреба проверете дали уредот и
дополнителната опрема се во фунционална состојба и
дали се безбедни за употреба. Не користете го уредот
доколку не е во одлична состојба.
 Не насочувајте го млазот кон себе или кон други со цел
за чистење на облеката или обувките.
 Не користете го уредот со течни растворувачи,
неразредени киселини, ацетон или други средства како
бензин, разредувачи или горивна нафта, бидејќи
нивните испарувања се лесно запалливи, експлозивни
и отровни.
 Доколку уредот се користи на места со намалена
безбедност (на пример на нафтно преточувалиште)
следете ги соодветните безбедносни мерки.
Македонски | 131
F 016 L70 993 | (27.11.13)

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières