Télécharger Imprimer la page

Milwaukee M12 HJBL4 Notice Originale page 53

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 6
ПРЕГЛЕД
ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и упатства.
Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции
можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Грејната јакна не смее да се употребува кај мали деца, деца, лица кои
имаат потреба од помош или лица кои што се неосетливи на жештина
или кај лица со слаба циркулација.
Грејната јакна никогаш да не се употребува со мокра внатрешна
постава.
Грејниот елемент не смее да ја допре непокриената кожа.
При тегоби од секаков вид веднаш да се исклучи грејната јакна.
Доводниот кабел не смее да се приклешти.
Кога ќе се утврди нестручно опходување со грејната јакна, таквата
повеќе да не се употребува и да се испрати до корисничката служба на
Милвоки (MILWAUKEE).
Да не се употребуваат игли како на пр. беџови, брошеви и слично затоа
што тие би можеле да го оштетат електричното ожичување.
Пред перење батеријата да се издвои од грејната јакна и држачот за
батерии да се извади од џебот за батерија.
Да не се чисти хемиски. Да не се употребуваат средства за хемиско
чистење. Да не се обелува. Средствата за чистење би можеле да ја
оштетат изолацијата на грејните елементи.
Да не се пегла.
Плочки со име и етикети да се ракуваат внимателно. Тие имаат важни
информации. Доколку тие повеќе не се читливи или пак недостасуваат,
да се контактира корисничката служба на Милвоки (MILWAUKEE).
Пред да се складира, грејната јакна најнапред да се остави да се олади
и потоа да се здипли.
Редовно да се проверува да не дошло до абење или оштетување на
јакната. Ако постојат такви знаци, како резултат на несоодветна
употреба или порада пречки во функционирањето, јакната да не се
употребува, туку да се врати до испорачателот.
Грејната јакна не смее да ја употребуваат лица нечувствителни на
топлина или пак други лица, кои што не се во состојба да реагираат на
прегревање.
Јакната не смее да се користи од страна на деца на возраст под три
години, бидејќи истите не се во состојба да реагираат на прегревање.
При складирањето на јакната врз неа да не се ставаат предмети, за да
не дојде до нејзино гужвање.
Кога ќе ја складирате да не се ставате предмети врз јакната, за да не
дојде до свиткување на елементите за загревање.
ВНИМАНИЕ: Со цел да се спречи топлотен удар, Ве молиме исклучете
го грејачот кога ќе се приближите до значително потопла средина.
Електричната јакна не е наменета за медицински цели, на пример за
употреба во болници.
Јакната може да ја користат деце на возраст над три години, откако
родителот или старателот ќе ги изврши потребните подесувања или
кога на детето во доволна мерка ќе му биде објаснета безбедната
употреба на јакната.
За чистење да се користи мокра сунѓереста крпа.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем Milwaukee 12 V за полнење на батерии од
Milwaukee 12 V систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на
батерија (ризик од краток спој).
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Грејната јакна е погодна за топлење на телото во студена околина.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
104
МАКЕДОНСКИ
РАБОТА
Доколку грејната јакна со потполно наполнета батерија не загрева или
пак не функционира исправно, да се очистат контактите на батеријата.
Доколку грејната јакна и после тоа не функционира беспрекорно,
грејната јакна, апаратот за полнење и батеријата да се однесат во
некоја корисничка служба на Милвоки (MILWAUKEE).
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
O своја сопствена одговорност изјавуваме дека под „Технички податоци„
опишаниот производ е во склад со сите релевантни прописи од
регулативата 2011/65/EU (RoHs), 2014/35/EU и следните
хармонизирачки нормативни документи:
EN 60335-1:2012/A11:2014
EN 60335-2-17:2013
EN 50581:2012
Winnenden, 2016-03-16
Alexander Krug
Managing Director
Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Max-Eyth-Straße 10
D-71364 Winnenden
БАТЕРИИ
Нови комплети батерии постигнуваат целосен капацитет по 4-5 циклуса
на полнење и празнење. Подолг период неупотребувани комплети
батерии да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење
треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт
на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги
вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба
да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ГАРАНЦИЈА
Електрична јакна
1 година гаранција
C12 BH / M12 BC
3 години гаранција од регистрацијата
ЕТИКЕТА
Се пере во машина за перење на мал број вртежи
со топла вода.
Сушење на ниска жештина.
Белење не е дозволено
Пеглање не е дозволено
Цедење и превиткување не е дозволено
Хемиско чистење не е дозволено
Не е наменета за мали деца (0–3 години)
0-3
Да не се боде со игли
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник, каде
има такви погони за рециклажа и собирни станици.
СЕ-знак
АДАПТЕР C12BH, M12 BC
1
2
АДАПТЕР M18 USB (ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА)
1
2
3
ON
OFF
USB
МАКЕДОНСКИ
105

Publicité

loading

Ce manuel est également adapté pour:

M12 hjgrey4M12 hjcamo5M12 hjladies2M12 hhbl3M12 hhgrey3