Вклучување И Исклучување - Wilo Vardo WEEDLESS-F Notice De Montage Et De Mise En Service

Masquer les pouces Voir aussi pour Vardo WEEDLESS-F:
Table des Matières

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 336
mk
7.6
Вклучување и исклучување
7.7
За време на работата
588
Пуштање во работа
– Дали е оддржано минималното растојание меѓу пропелерот и инсталациите во
работната просторија?
▪ Проверете ја погонската единица:
– Запчест преносник: Дали маслото за складирање е отстрането и исплакнето и
дали е наполнето работното масло?
– Дали се утврдени потребните масла (видот, количината, за монтажна
положба)?
– Дали завртките за контрола на масло и испуштање масло се вртат?
– Дали сите навртувања на запчестиот преносник се проверени дали дихтуваат?
– Дали ги прочитавте и спроведовте сите напомени од производителот?
▪ Проверете ги работните услови:
– Дали сте ја провериле насоката на потисок и вртење согласно димензиите на
постројката?
– Дали е потребна наизменична работа или меко стартување?
– Дали е проверена мин./макс. температура на медиумот?
– Дали е проверена макс. длабочина на потопување?
– Дали е дефинирано или дали се надгледува минималното покривање со вода
на пропелерот?
Погонот за мешање мора да се вклучува и исклучува преку одделна контролна
единица обезбедена од корисникот (прекинувач за вкл./искл, приклучна табла).
За време на процедурата на стартување, номиналната струја се пречекорува
неколку секунди. Потрошувачката на струја е малку над номиналната во
периодот додека да се постигне работната температура на моторот и додека да
се формира струење во коритото. За време на нормална работа, номиналната
струја не смее да се пречекорува. ВНИМАНИТЕЛНО! Ако не стартува погонот за
мешање, веднаш исклучете го. Прво отстранете го дефектот пред повторно да
го вклучите!
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници поради жешки површини!
Куќиштето на моторот може да се загрее за време на работата. Може да се
изгорите. По исклучување треба да оставите моторот да се излади на
температурата на околината!
ВНИМАНИТЕЛНО
Материјални штети поради непрописна работа!
Пропелерот секогаш да биде потопен за време на работата. Кога не е
достигнато потребното покривање со вода, исклучете го погонот за мешање!
Во случаи на примена со големи варијации во нивото, се препорачува
надгледување на нивото!
НАПОМЕНА
Внимавајте на дополнителната литература!
Со цел прописна употреба, прво прочитајте го и придржувајте се до упатствата
на производителот.
За време на работата, внимавајте на локалните прописи за:
▪ Безбедност на местото на работа
▪ Спречување несреќни случаи
▪ Ракување со електрични машини
Строго придржувајте се до работниот распоред на раководителот. Целокупниот
персонал е одговорен за придржување до работниот распоред и прописите!
Проверувајте ги следните работи во редовни интервали:
▪ Работниот напон*
▪ Фреквенцијата*
▪ Потрошувачката на струја меѓу поединечните фази*
▪ Разликата во напонот меѓу поединечните фази*
WILO GVA GmbH 2019-02

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Vardo weedless-sVardo weedless-m

Table des Matières