Télécharger Imprimer la page

LG GBB548BLCZH Manuel Du Propriétaire page 337

Publicité

Les langues disponibles
  • FR

Les langues disponibles

  • FRANÇAIS, page 199
•Ако има протекување на гас (изобутан, пропан, природен гас
итн.), не допирајте ја ниту машината, ниту приклучокот за
струја и веднаш проветрете ја просторијата. Овој апарат, како
средство за ладење користи гас кој е навистина еколошки
(изобутан R600a). Иако користи мали количини гас, тој е сепак
запалив гас. Истекувањето гас при транспорт на апаратот,
монтажа или работење може да предизвика пожар, експлозија
или повреда ако се предизвикаат искри.
•Не користете и не чувајте запаливи или експлозивни
супстанции (етер, бензен, алкохол, хемикалии, LPG,
експлозивни спрејови, инсектициди, освежувачи на воздух
козметика итн.) во близина на апаратот.
•Веднаш исклучете го приклучокот од струја и стапете во
контакт со Центарот за информации за клиенти на LG
Electronics ако откриете невообичаена бучава, мирис или чад
што доаѓа од апаратот.
•Ставајте вода за пиење само во автоматот за мраз или
диспензерот за вода.
Одржување
•Исклучете го кабелот за струја пред да го чистите апаратот
или да ја заменувате светилката внатре (каде што е
вградена).
•Безбедно вклучете го приклучокот за струја во штекерот
откако комплетно сте ја отстраниле постојната влага или прав.
•Никогаш не исклучувајте го апаратот од струја со тегнење на
кабелот за струја. Секогаш цврсто фаќајте го приклучокот за
струја и потегнете го во обратна насока од штекерот.
•Не прскајте вода или запалливи материи (паста за заби,
алкохол, разредувач, бензин, запалливи течности, средства за
полирање итн.) над внатрешната или надворешната страна на
апаратот, за да го исчистите.
•Не чистете го апаратот со четки, крпи или сунѓери со груби
површини или коишто се изработени од метален материјал.
МК
7

Publicité

loading