Huawei HONOR Guide De Démarrage Rapide page 132

Table des Matières

Publicité

Првично поставување
Кога првпат ќе го користите компјутерот, поврзете го со адаптер за напојување и
почекајте екранот да се вклучи за да пристапите до екранот за поставување.
Кога повторно ќе го вклучите компјутерот, притиснете го и задржете го копчето за
вклучување/исклучување додека тастатурата не се осветли.
Принудно исклучување: притиснете го и задржете го копчето за вклучување/
исклучување подолго од 10 секунди. Имајте предвид дека тоа ќе предизвика губење
на сите незачувани податоци.
Кога првпат го користите компјутерот, следете ги упатствата на екранот за да го
завршите поставувањето.
Поврзете се на безжична мрежа
Најавете се компјутер со користење сметка од Microsoft
Најавете се со вашата сметка од Microsoft (како што е Outlook.com) за да пристапите
до повеќе услуги од Microsoft на компјутерот.
Поставете Windows Hello и додајте отпечаток од прст
Копчето за вклучување/исклучување со сензор за отпечаток од прст ви овозможува да
го вклучите компјутерот без да има потреба да внесете лозинка. Брзо е и безбедно.
Поставете PIN
Користете го PIN-кодот за да се најавите на компјутерот и да пристапите до други
апликации и услуги.
Откако ќе се прикаже работната површина, брзо завршете го следново.
Активирајте Windows: кога компјутерот првпат ќе се поврзе на интернет, Windows се
активира автоматски.
Откако компјутерот првпат ќе се поврзе на интернет, може да слушнете шум
создаден од вентилаторот или да забележите дека компјутерот се загрева. Ова е
нормално при автоматско ажурирање на системот Windows.
130

Publicité

Table des Matières
loading

Table des Matières