Електрична Инсталација; Прекинување На Доводот На Струја - Vaillant aroVAIR VA 1-025 WN Notice D'installation Et De Maintenance

Masquer les pouces Voir aussi pour aroVAIR VA 1-025 WN:
Table des Matières

Publicité

Инсталирајте соодветен одводен систем (B), за да
избегнете создавање на миризби.
Приклучете чеп за празнење (1) на дното на садот за
собирање на кондензатот. Бидете сигурни дека чепот
може брзо да се демонтира.
Поставете ја правилно одводната цевка, така што
нема да има притисок на одводниот приклучок на
производот.
Истурете ја водата во садот за собирање на конден-
зат (1) и проверете дали водата правилно истекува.
Ако не е така тогаш проверете ја косината за
одвод и проверете дали има евентуално некои
пречки.
5.2
Електрична инсталација
Електричната инсталација треба да биде извршена од
електроинсталатер.
5.2.1
Прекинување на доводот на струја
Прекинете го доводот на струја, пред да правите
електрични приклучувања.
5.2.2
Поврзување
1.
Употребете кабелски уводници.
2.
Доколку е потребно, правилно скратете го приклуч-
ниот вод.
30 mm max.
3.
За да избегнете краток спој при невнимателно ола-
бавување на една жица, оголете ја надворешната
обвивка на еластичниот кабел макс. 30 mm.
4.
Внимавајте да не ја оштетите изолацијата на внат-
решните жици за време на вадењето на надвореш-
ната обвивка.
5.
Отстранете го само оној дел од изолацијата на
внатрешните жици, што е потребен за доволен и
стабилен приклучок.
6.
За да спречите краток спој поради олабавување на
жиците од приклучниците, по изолирањето ставете
приклучни чаури на краевите на жиците.
7.
Проверете дали сите жици се механички цврсто по-
ставени во терминалите на приклучокот. По пот-
реба одново прицврстете.
136
1
5.2.3
Воспоставување на напојување со струја
Претпазливо!
Ризик од материјални штети поради пре-
висок приклучен напон!
При мрежен напон од над 253 V може да
се уништат електронските компоненти.
Бидете сигурни дека номиналниот на-
пон на мрежата изнесува 230 V.
1.
Кренете го предниот капак на облогата.
2.
Внимавајте на важечките национални прописи.
2
1
L
3
3.
Олабавете ја завртката (1) и потоа извадете го ка-
пакот на кутијата со прекинувачи (2).
4.
Приклучете го производот со фиксен приклучок и
електричен разделник со најмалку 3 mm онтактен
отвор (на пр. осигурувачи или прекинувач за јачи-
на).
Сепаратор / Осигурувач: 15 A
5.
Поставете прописен трижичен кабел за мрежен
приклучок (3) во производот и низ цевчето за кабел
(4).
Флексибилен, двојно изолиран кабел, тип
H05RN-F 3G1.5mm²
6.
Поврзете го уредот. (→ Страна 136)
7.
Затворете ја кутијата со прекинувачи.
8.
Бидете сигурни дека пристапот до мрежниот прик-
лучок ќе биде загарантиран во секое време и дека
нема да е покриен или попречен со некоја пречка.
Упатство за инсталација и одржување 0020249955_07
3
N
X
Y
(E)
1
4
2

Publicité

Table des Matières
loading

Ce manuel est également adapté pour:

Arovair va 1-035 wnArovair va 1-045 wn

Table des Matières