Huawei BTKR-W09 Guide De Démarrage Rapide page 46

Table des Matières
• Не користете го уредот на места каде што има прашина, влага или
нечистотија, или во близина на магнетно поле.
• Приклучокот за напојување се користи како уред за исклучување. За
опрема што се приклучува, штекерот треба да биде лесно пристапен.
Користете одобрени адаптери за напојување и полначи.
• Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го користите.
• Консултирајте се со доктор и со производителот на уредот за да
определите дали користењето на уредот може да влијае врз работата на
вашиот медицински уред.
• Не обидувајте се да ја заменувате батеријата самостојно – може да ја
оштетите батеријата, а тоа може да предизвика прегревање, пожар и
повреда. Сервисирањето на вградената батерија во вашиот уред треба
да го врши Huawei или овластен давател на услуги.
• Чувајте ја батеријата подалеку од оган, прекумерна топлина, екстремно
низок воздушен притисок и директна сончева светлина. Не ставајте ја на
или во уреди за загревање. Не расклопувајте ја, не изменувајте ја, не
фрлајте ја и не гмечете ја батеријата. Не ставајте туѓи тела во неа, не
потопувајте ја во течности и не изложувајте ја на надворешна сила или
притисок бидејќи тоа може да предизвика истекување, прегревање и
запалување, па дури и да експлодира.
• Уверете се дека адаптерот за напојување ги исполнува барањата од
IEC/EN 62368-1 и дека е тестиран и одобрен според националните или
локалните стандарди.
• Портата за USB може да обезбеди напојување од 5 V DC/1 A за друга
опрема.
• Деактивирањето на функцијата за управување со енергијата ќе ја
зголеми потрошувачката на енергија на производот.
• Овој уред поддржува брзо полнење преку USB PD.
Електричната енергија што ја испорачува полначот мора да биде помеѓу
минималната вредност од 5 вати што е потребна за радиоопремата и
максималната вредност од 30 вати за да се постигне максималната
брзина на полнење.
Информации за фрлање и рециклирање
Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата
значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места
за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот
век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и
електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги
зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и
околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти,
продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или
посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/.
44
Table des Matières
loading

Table des Matières